За нас

СДИ како фирма лидер во претставувањето на лизгачките системи на нашиот пазар успешно функционира веке 17 години и полека но сигурно прерасна во амбасадор на внатрешниот дизајн каде системот со лизгачки врати, сместување на облеката и предметите претставува негова основа во која е вграден квалитет, ефикасност, функционалност, едноставност.
Целта на менаџментот и тимот архитекти е преку секојдневен контакт со купувачот, преку дизајнот, квалитетот во производство и монтажа да достигне ниво кое на нашиот купувач ќе му исполни едно од неопходните задоволства – уживање во сопственоиот дом.
Пред повеќе од 7 години СДИ ги прошири своите активности и заедно со својот тим од архитекти и дизајнери започна целосно ентериерно уредување на станови и деловни простори. Така веќе имаме завиден број на решени дилеми и проблеми од аспект на бои, дизајн, функционалност на многу Ваши кујни, спални, детски соби со голема асистенција на лизгачките врати кои го прават секој простор елегантен, функционален, главен украс во станот или скоро невидлив детал од истиот.

ПРЕДНОСТИ НА СДИ ЛИЗГАЧКИТЕ ВРАТИ

Бесшумно лизгање.
Лизгање без подрипнување.
Скриени тркалца - механизми.
Голем избор на материјали за исполна (иверка, медијапан, стакло, огледало.
Anti-jumping заштита, ја штити вратата од излегување од шини.
Можност за употреба на пневматски задржувачи за меко затворање на вратите.
Голем избор на бои за лизгачкиот систем (сребро, шампањ, злато, антрацит сива, бела, црна, и многу други бои по РАЛ карта).
Буфер четкичките (кратки и долги) ја намалуваат вибрацијата при затворање на вратите и ја заштитуваат внатрешноста од прашина.
Леснотија во лизгањето благодарејќи на високо квалитетните и специфично дизајнирани тркалца, прилагодени во соодветни лежишта.

Награди

СДИ како долгогодишен учесник на реномираниот Меѓународниот Саем за мебел – Скопје со гордост може да се пофали со освоените награди
Награда за “Спална соба“- 2007 год.
Награда за “Мултифункционален гардеробер“ – 2013 год.